-4%

Локатор C.Scope MXL2

80,600.00 денари + ДДВ 77,500.00 денари + ДДВ

ЛОКАТОР  C SCOPE MXL2

MXL2 преставува прецизен локатор на цевки и кабли , со кој може со голема точност  да се  лоцираат  , идентификуваат  и следат подземните инсталации . Користењето на додатна фреквенција за детекција и иновативните нови функции значително ја зголемуваат резолуцијата и точноста при откривање и следење на подземните инсталации.

Локаторот MXL2 дава најдобри резултати кога се користи заедно со моќниот и повеќефреквенциски трансмитер MXТ2.

MXL2 поседува голем број на функции кои се дизајнирани да помогнат при лоцирање, следење и  да се избегне ризикот од повредување и прекин на подземните инсталации . Една од најважните такви функции е ADST т.е. Автоматско Дневно Самотестирање.

Што значи локаторот при првото вклучување секој ден сам прави тест на точност и калибрација , со што се избегнуваат можните погрешности при работата во текот на денот.

Повеќе детали
Категорија:

ОПИС

ПОДОБРЕНИ ПЕРФОРМАНСИ & ПОВЕЌЕФРЕКФЕНЦИСКИ СИГНАЛ ЗА ДЕТЕКЦИЈА

Локаторот MXL2 нуди подобрена осетливост на  сигналот и подобрено пригушување на странични шумови  што го прави способен да открие и најмал сигнал дури и во средини со интензивен проток на сигнали и електрошумови .

MXL2 може да лоцира користејки 3 различни сигнали што му дава широка палета на опции за трагање дури и во пренатрупани области.

Симултаните 33+131 kHz  сигнали за лоцирање го прават  MXL2 идеален  за лоцирање на подземни телекомуникациони кабли ,  оптички кабли во кошулица , кабли од улично осветлување и др. Со фрекфенцијата од 8 kHz се лоцираат подлабоко закопани инсталации и на подолго растојание , додека ултра ниската фрекфенција од 512/640Hz  се користи за специјално следење на подземните инсталации.

C.Scope MXL2  нуди занчајно подобрени перформанси во споредба со класичните трагачи и локатори на инсталации.

ЧЕТИРИ НАЧИНИ НА ЛОЦИРАЊЕ

MXL2 има четири различни модуси  на лоцирање , секој од тие начини овозможува различни предности при работата.

 POWER  режимот  ги лоцира  поздемните кабли , идетификувајки ја фрекфенцијата на сигналот кој се движи низ самиот кабел , кога кабелот е во функција .

RADIO  режимот ги открива радио сигналите кои најчесто се присутни во металните цевки и кабли .

TRANSMITTER  режимот се користи за следење на сигналот реемитуван од метални цевки или кабли а испратен од C.Scope MXT2 трансмитерот . Можноста да се избира меѓу симулатниот  33kHz+131kHz сигнал како и меѓу 8kHz и  512/640Hz сигнали му дава на оераторот  зголемена можност за откривање и следење на подземните инсталации. Овој режим се користи исто и при следење на сигналот од сонда или следач на пластични цевки , во случај кога се следат неметални цевки како канализациони , дренажни и др.

ALLSCAN  режимот ги користи сите фреквенции од најниската до највисоката  (33kHz) Овој режим обично се користи за контролно  лоцирање на инсталациите пред почеток на ископ .

МЕРЕЊЕ ДЛАБОЧИНА  

Кога  локаторот се користи заедно со трансмитер MXТ2 , длабочината до подземните кабли , цевки или сонда може да биде измерена со едноставно притискање на копчето за длабочина.

МЕРЕЊЕ НА ЈАЧИНА НА СИГНАЛ 

Покрај смерењето на длабочина на подземните инсталации ,  MXL2 може да ја следи јачината на струење  која се предава од трансмитерот  MXT2 независно од длабочината на подземната инсталација. Ова е идеална функција за следење на одредена мрежа или повеѓе гранки од истата.

ДИНАМИЧЕН  СЕНЗОР  НА  ОСЦИЛАЦИИ

MXL2 со едноставен тонски сигнал го  предупредува операторот , доколку тој во текот на трагањето прекумерно се оддалечи од трасата која ја следи.

АВТОМАТСКО ДНЕВНО САМОТЕСТИРАЊЕ

MXL2 има сеопфатно самотестирачко коло , потполно го испитува кое Локаторот , вклучувајки и ги антените за прием , секој ден после првото вклучување . Тоа му дава сигурност на операторот дека секој ден работи со исправен инструмент , кој е оптимално тестиран пред употребата. Тест резултатите се снимаат и можат да бидат испринатни како доказ ( Сертификат за проверка) доколку тоа биде потребно.

СНИМАЊЕ НА ПОДАТОЦИ (ОПЦИЈА)

Прецизниот локатор за цевки и кабли  MXL2 е достапен во изведба со и без снимање на податоци од работата .

Верзијата со снимање автоматски ги снима сите податоци од типот кога е извршено трасирањето , како е поминат дневниот тест , колку долго е работено и во кој режим . Овие податоци можат да симнат на компјутер  . После 12 месеци датотеката се обновува одново .

СНИМНУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ  ПРЕКУ USB

Снимените податоци  од локаторот (верзијата со меморија) можат да бидат префрлени на ПК со помош на мини USB  преку конекторот кој се наоѓа во одделот за батерии.

РОБУСТНА И ЦВРСТА КОНСТРУКЦИЈА

Двојната ѕидна конструкција го прави локаторот MXL2 издржлив на секаков вод предизвици при работата , воедно тој се одликува со висока (IP65) заштита од прав и влага .

ГАРАНЦИЈА

Локаторот MXL2 има три годишна гаранција .

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Локатор C.Scope MXL2”