C.A.T. & Genny локатори на подземни инсталации
215,000.00 денари + ДДВ
Производите C.A.T4® и Genny4® нудат сеопфатен асортиман на алатки за откривање кабли (Cable Avoidance Tools), кои им помагаат на професионалците да применат најдобри практики за лоцирање, да го намалат бројот на оштетувања на кабли при ископ и да работат побезбедно.
C.A.T4
C.A.T4 е стандардниот модел од оваа серија. Со негова употреба во комбинација со предавателот Genny4, искусните оператори можат побрзо да откријат повеќе подземни инсталации.
C.A.T4+
C.A.T4+ ги нуди истите перформанси за лоцирање како и C.A.T4, но со дополнителна можност за мерење на длабочината, што овозможува подобро утврдување на трасата на подземните инсталации.
gC.A.T4+
Овој модел додава податоци за GPS-локација кон евидентираните податоци за употреба. Bluetooth-поврзувањето овозможува беспрекорен пренос на податоците за употреба до системот „C.A.T Manager Online“ (базиран на облак-технологија) за следење на перформансите на операторите во речиси реално време.
Genny4 трансмитер
Патентираниот систем на Genny4 за истовремено емитување сигнал на две фреквенции го олеснува лоцирањето на кабли со мал дијаметар, како што се оние за телекомуникации и улично осветлување, вклучувајќи ги и нивните одвојни краци. Сите модели на локатори C.A.T4 поседуваат патентирана технологија за истовремено откривање на двата сигнала. Функцијата за засилување на моќноста кај Genny4 овозможува сигналот за лоцирање да допре подалеку и подлабоко, како и полесно да се пренесе (спои) на подземните инсталации.
- Цената на комплетот локатор C.A.T4+ со трансмитерGenny4 и транспортна торбица изнесува 215 000,00+ддв
- Гаранција 12 месеци
- Обука пред просториите на Гео-Интер ДООЕЛ и техничка подршка 24/7




Reviews
There are no reviews yet.