NEDO Dornstetten е врвен производител на прецизни геодетски додатоци, вклучително и прецизни инварски летви.
Производите се достапни во изведба од 1 м, 2м и 3 метри. Можни се различни изведби на подлошката на летвата, како и илуминација.
Инварските летви на NEDO можат да се порачаат и со Сертификат за калибрација од NEDO или од Универзитетот од Минхен. Сертификатот по ваш избор може да биде со температурни циклуси или без нив.
Покрај самите летви достапни се и додатоци како држачи и кутии за транспорт.